речник контакт

Ретки егзотични дрвја во Градскиот парк

Доколку не сте биле во Градскиот парк, сте ја пропуштиле можноста да уживате во прекрасните цветови на ретките дрвја, магнолија и јапонска цреша.

Петар Печков

Во Градскиот парк не се сечат само старите дотраени дрвја, туку има и ретки примероци на егзотични дрјва, кои растат некаде на друго место на планетата земја, далеку од Велес. Вреди да се видат, ако ништо друго на слика.

 

Маголијата расте во вид на дрва или жбунови, во сите региони на светот,  со прекрасни цветови. Името доаѓа од францускиот ботаничар Пјер Магнол.

Јапонците имаат мислење дека цветот на јапонската цреша е најсовршениот цвет во универзумот и, според традицијата, она што е „Сакура“ за цветовите, тоа е самурајот за човекот. Цветот на црешата го означува почетокот на пролетта и е симбол на духот на Јапонија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »