речник контакт

Ретроспективна изложба 100 години на Цицо (фото)

На 84 дела претставен дел од опусот на авторот кој остави силна трага во македонската уметност. Ова изложба во Скопје беше прогласена за ликовен настан на годината

Петар Печков

Исклучителна изложба, исклучителен автор и исклучителни дела, така директорката на велешкиот музеј  Елица Николова, ја најави изложбата  посветена на  Василие Поповиќ – Цицо која во наредните 10-тина дена е поставена во Ликовниот салон. Гостите од Скопје, кои дојдоа на настанот пак потсетија дека  оваа изложба беше прогласена за ликовен настан во главниот град на земјава за годината.

Ова е ретка и важна изложба. Цицо е еден од основоположниците на македонската ликовност. Исклучителен ренесансен уметник, кој бил се,  акварелист, опремувач на книги, автор на применета дизајнерска  ликовна уметност во доцните 40 и раните 50 години,  графичар, цртач, сценограф. Тој беше 18 години сценофраф во МНТ из тоа се некои сценографски и  костимографски скици  но и дела кои ги правеше за своја душа. Имаме чест да следиме дела на уметник кој е уметник до коска – најави театрологот Јелена Лужина која е претставник на музејот на МНТ еден од организаторите на изложбата.

Тие донирале 46 дела додека   38 се на Даут Пашин амам.  Изложбата е јубилејна по повод 100 години од раѓањето (!914-!962) на Цицо, насловена Сеќавање и Омаж на Василие Поповиќ – Цицо. Роден е во Скадар, Црна гора, а од пет години, до крајот на животот живеел во Скопје. Уметничка академија завршил во Белград.

Цицо  пред велешката публика е   претставен  како акварелист, карикатурист, сценограф, костимограф и илустратор. Значајно е што Цицо своевремено бил дел од две велешки претстави во далечната 1955 на ,,Без вина виновен,, како костимограф  и година подоцна 1956  како сценограф на ,,Манде,,. Василие Поповиќ – Цицо е автор на Македонскиот грб, на илустрацијата за првата книга азбука...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »