речник контакт

Решавањето на одронот од Цуцка во две етапи

Расчистувањето на камењата, од кој најголемиот е 25 тони ќе трае повеќе денови

Петар Печков

Одронот на  карпите, кој се случи кај мостот на Тополка, ќе се решава во две етапи. Тоа го кажал, при денешната посета, проф. Милорад Јовановски, кој беше заедно со претставник на  ЈП за Државни патишта, во чија надлежност е одржувањето на регионалниот пат Велес - Градско, кој е затрупан и затворен за сообраќај. По разгледување на теренот Јовановски  посочил дека треба да се превземат трајни и привремени мерки, информираа од локалната власт, по чие барање тој  дојде.

Прво треба со секундарно минирање да се раздробат карпите кои се на регионалниот пат и потоа да се расчистат за да се оспособи патот за сообраќај. Таа активност треба да ја спроведе ЈП Македонија пат. Тоа е невозможно да се направи за ден или два, туку откако ќе се обезбеди лиценцирана фирма, тоа ќе трае неколку денови. За време на работењето целосно треба да се забрани движење за пешаци, за велосипедисти и останати.

Во трајни мерки се методи кои се применуваат секаде во светот. Третирање на местото со прскав бетон и анкерисување по што зоната целосно ќе се заштити. Тоа е скап проект и за негова реализација потребни се доста финасиски средства, се  препораките на професорот Јовановски од катедрата за геомеханика на Градежен факултет.

Општина Велес  во меѓувреме поставила  барикади на 50 метри над одронот и 50 метри под одронот. Целта е да се спречи секакво движење во тој дел, бидејки нема гаранција дека локацијата е безбедна. Според проценкиет на стручни лциа, големата карпа е со тежина од околу  25 тони.

Железничката пруга од средата доцна навечер е расчистена и по неа сообраќаат товарни и патнички возови на МЖ.  Одронот се случи во вторникот натуро околу 8,30 ч. Голема среќа е што немаше жртви, оти патот е  регионален и има голема фрекфенција на сообраќај.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »