речник контакт

Рибокрадци со струја ловеле риба на езеро

Со ваков незаконски улов фатиле амур капиталец тежок 15 кг, долг еден метар

Петар Печков

 На велешкото езеро Младост фатени се двајца рибокрадци кои со помош на струја фаќале риба. При овој недозволен начин тие меѓу другото уловиле амур капиталец од 15 кг.  долг еден метар, вистинска реткост за езерото. Надлежните од Здружението на спортски риболовци Бабуна  сметаат дека станува збор за организирана група која подолг временски период го уништувала рибниот фонд на езерото. Користела двоглед, акумулатор, мрежи.

Ова е малку познат начин за рибокрадство на нашето  езеро. Сторителите  со чамецот се во водата во поплиткиот дел од крајбрежјето, каде нема луѓе и   од акумулаторот се пушта  струја, која преку  проводници  доаѓа  во водата. Рибата  е зашеметена, се качува  на површината за да земе воздух по што е лесен плен за рибокрадците. Тие само со мрежа како за во аквариум, само поголема ја собираат – вели  рибар  кој и самиот до обелоденувањето на случајот не можел да се посомнева дека може на ваков нехуман начин да се лови на велешко езеро. 

Групата која била фатена ловела  од подалечната пуста страна на езерото каде нема плажа ниту луѓе, во трската.  Тие биле фатени  на дело од  рибочуварите на ЗСР ,,Бабуна,, која е концесионер со рибниот фонд на езерото, полицијата и инспектори од Министерството за земјоделие и водостопанство.

Групата ловела со електро шок и е следена подолго време. Фатена е среде бел ден во 11 часот. Се сомневаме дека брои околу шест седум лица и  тие се од Велес. Но не се само тие има и други рибокрадци од Скопје, Катланово. Против овие две лица ќе поднесеме кривични пријави.  Групата  е добро  организирана оти имале освен чамец, двоглед, акумулатор, мрежа и друга не законска опрема, што знач дека имале логистичка поддршка од обалата. Штетата што на ваков начин се фаќа риба, посебно смуѓот. Тој ретко са наоѓа на ова подрачје оти живее во поладни води а велешкото езеро е најјужно каде е регистрирано негово присуство. Тој е раритетен а рибокрадците го уништуваат – вели Ѕвонко Мечалов претседател на ЗСР Бабуна.  Во нивната последна акција против рибокрадците  заплените се 17 трски, две езерски и 12 речни мрежи, долги стотина метри.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »