речник контакт

Рибочуварите запленија 200 метри мрежа

Овој недозволен прибор за риболов е пронајден на Отовичка плажа на езеро

Петар Печков

Вчеравечер по   22 часот на Отовичка плажа, рибочуварите заплениле голем број на мрежи, недозволени за риболов. Во оваа акција не се пронајдени сопствениците на мрежите.

Постојано нашите служби се на  терен и во синоќешна акција на езерото Младост фативме  6-7 мрежи и должина од повеќе од  200 метри. Среќа е што немаше риба во неа. Претпоставуваме  кои се сторителите, бидејќи на  прсти се бројат. Нема штета во материјална вредност, но спречивме   натаму овие рибокрадци да ги  користат мрежите и фаќаат риба на диво. Ако овие мрежи останале можело да  се уловат 200 кг риба. Имаме сознанија дека тие претходно веќе продавале  вака нелегално уловена риба  – изјави Томе Илиевски секретар на ЗСР Бабуна од Велес.

Мрежата ќе заврши во Агенцијата за запленет имот во Скопје. Забраната за риболов на  езеро Младост  е селективна, во  зависност од   која риба се мрести. Моментално е  за црвеноперката па следи крапот, и тоа за различни делови од крајбрежјето на езерото. Дневната дозвола за риболов е 200 денари  а годишната 1.500 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »