речник контакт

Ридот со троска близу Велес треба за четири години да се транспортира во Малезија

Се планира дневно по 100 камиони да ја превезуваат троската до пристаништето во Солун

Петар Печков

За четири години новите сопственици на концесијата за работа со троската близу Велес,  планираат ридот кој е закана по здравјето на велешани да го отстранат.   Ова го изјавија КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје која е дел од српската КЕПС МОНТ ГРОУП. Ридот резултат на три децениската работа на Топилницата е тежок 1,7 милиони тони   и е една од 10-те црни  еко-точки во Македонија.

Се предвидува реализација на отстранување на троската да трае во период од 40 до 48 месеци. Со европските стандарди на раздвојување на металите од троската е забрането, користење на киселини,   точење, туку  постојат посебни методи од страна на нашите  партнери  таму каде што ќе ја пренесеме во Малезија, ги вадат металите ги даваат на железари на топење  а остатокот го прават цемент. Присуството на метали во велешката згура  е на границата   - изјави дипл. инг. Ранко  Шчекиќ. 

Тој кажа дека фирмата каде работи во Белград,  е солвентна, има бонитет АА. Неодамна на прес конференција во Белград тамошната комора соопшти дека  во Србија има 2,2 илјади такви фирми,  кои имаат промет од 2 милиони динари годишно и остваруваат профит од еден отсто. Соговорникот кажа дека  чекаат да се завршат административните работи со Владата околу преносот на концесијата. Иако во непосредна близина на ридот со троска  е железничка станица Велес, тие се одлучиле троската да се пренесува по автопат.  

Вакви проекти работевме на Косово, Црна Гора и Србија  ги извезувавме исто како што ќе го извезуваме и овој од Македонија. Таму работевме со пристаништата во Бар и Драч, а тука веќе договоривме со Солунското пристаниште. Ќе се вработат доста нови работници за периодот додека се врши преносот. Дневно стотина камиони ќе превезуваат  троската  за што ќе ангажираме локални транспортери - додаде Шчекиќ.  Троската треба да заврши на далечниот Исток, во  Малезија. 

Со одлука на Влада од 86-та седница, од 4-ти септември годинава,  од Еко Центар 97  кој ја доби концесијата за ридот од троска близу 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »