речник контакт

Роботи во УЗУС

Роботи започнаа да им помагаат во наставата на учениците од СОУ Коле Неделковски од Велес, кои ги користат како дел од практичната работа

Петар Печков

Роботи започнаа да им помагаат  во наставата на учениците од СОУ Коле Неделковски  од Велес, кои ги  користат  како  дел од практичната работа  и така прв пат нагледно  да ги видат нивните системи,  сензори и  погонскиот дел.  Учениците на часовите ќе можат да ги склопуваат и да ги програмираат, со цел  роботите да извршуваат различни функции и задачи.

Тие се наменети  за  учениците од трета и четврта година од машинската и електро струката,    и  се добиени во соработка со ПЕП проектот. Изработени се  на принцип на лего системот, со кој може да се формираат  различни видови конструкции  и секој има своја процесорска единица која се програмира со соодветен софтвер. Освен во Велес вакви роботи за прв пат добија и  четири други  средни училишта во Македонија во Скопје, Гостивар, Тетово и Кочани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »