речник контакт

Родени во Македонија а играат на Мундијалот во Бразил

Џемаили и Мехмеди со Швајцарија, Мустафи со Германија на СП

Петар Печков

И додека најдобрите македонски фудбалери и овој Мундијал го следат пред малите екрани, тројца играчи родени на овие простори си го исполнуваат најголемиот спортски сон во дресот на друга национална селекција. Блерим Џемаили и Адмир Мехмеди ги бранат боите на Швајцарија, а Шкодран Мустафи беше повикан во последен момент да го замени повредениот Марко Ројс во тимот на Германија, како што во овие две репрезентации постојано се зголемува бројот на потомците на доселениците од екс-ју простори.

За Џемаили (28), кој на четиригодишна возраст го замени родното Боговиње со Цирих, Бразил е втор мундијал во кариерата, откако беше во тимот на Швајцарија и пред осум години во Германија. Денес му е соиграч на Горан Пандев во Наполи.

Младиот напаѓач на Фрајбург, Мехмеди, е роден во Гостивар, но кога имал само две години, неговите родители се преселиле во Белинцона. Тој беше втор стрелец на младинското ЕП 2011, кога Швајцарија загуби во финалето, по што направи трансфер од Цирих во Динамо Киев.

И Јоаким Лев поведе гостиварец за Бразил, овозможувајќи му на 22-годишниот Мустафи, инаку, роден во Бад Херсфелд, да дебитира за Германија непосредно пред Мундијалот. Тој помина низ школите на Хамбургер и Евертон, пред да се скраси во Сампдорија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »