речник контакт

Родителите на трите деца кои изгореа во пожар, кривично ќе одговараат пред суд, за запуштање и малтретирање

Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за живот и здравјето на децата - констатирало Обвинителството

Петар Печков

Велешкото обвинителство поднесе обвинителен акт  против Марија Давчевска (38 год) и Никола Антониевски  ( 46 год) за Запуштање и малтретирање на дете.  Давчевска како родител  мајка на децата на возраст од 4 години, 2 години и 1 година а Антониевски  како родител – татко на детето на возраст од 1 година не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од Законот за семејство. Обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје. 

Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за живот и здравјето на децата.  Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе - констатирало Обвинителството. 

Двајцата обвинети Давчевска и Антониевски  на 20 јуни лани  година грубо ја запоставиле  должноста за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија. . Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот. Во пожарот  изгореа  Драгана четири, Петар две и Теона една година. Нивните тела беа пронајдени јагленосани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »