речник контакт

Рокас во Велес, пријатно е да се слушне дека проектите финансирани од ЕУ помагаат за граѓаните

Целта беше средби со локалното население, со цел да се доближи ЕУ и процесот на интеграција до граѓаните за да се разговара особено за придобивките од пристапувањето во ЕУ и влијанието на помошта од ЕУ

Петар Печков

Евроамбасадорот Михалис Рокас беше во посета на Велес.  Целта беше  средби со локалното население, со цел да се доближи Европската Унија и процесот на интеграција до граѓаните за да се разговара особено за придобивките од пристапувањето во ЕУ и влијанието на помошта од ЕУ.

„Задоволство ми е што сум во историскиот град Велес.  Пријатно е да се слушне дека проектите финансирани од ЕУ помагаат за општина Велес. Од членовите на Советот слушнав кои се приоритетит за нивна работа. Се согласивме дека проблеми се водоснабдувањето,  третирањето на тврдиот отпад, се итни прашање кои треба да се решат со холистички пристап (секоја индивидуа го пронаоѓа својот идентитет, значење во живот поврзан со општеството, природата и вредностите) и така да ги решаваме предизвиците со кои се соочуваат граѓаните,  да има видливи резултати.  Сите средства кои се на располагање од ЕУ, државата, локалната власт да се хармонизираат и максимално да се искористат, да се видат резултатите кои се толку потребни . Јавно им се заблагодарувам за сите велешани кои  учествуваа во неделната трка за Кочани, која се одржа во Велес а трчаше и вашиот градоначалник Колев“ – рече Рокас.  

Подоцна, амбасадорот на ЕУ  Рокас  посети проекти финансирани од ЕУ кои придонесуваат за подобро позиционирање на Повардарскиот вински регион на туристичката мапа поради неговото богато културно наследство и гастрономија.

Амбасадорот Рокас  се сретна со поединци од различни струки кои ја претставуваат локалната заедница во Велес и кои покриваат широк опсег на вештини од социјални, уметнички до промоција на туризмот. Тој беше во посета на локалитетто Стоби.

Посетата ја заокружи со средба со млади во Јуроп Хаус како  „местото на новата генерација“ во Велес. Имаше средба и со членовите на Советот и со градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

„При средбата изразив огромно задоволство за поддршката што ЕУ неколку години ја дава на Општина Велес. Сведоци сме на неколку завршени проекти, Европската куќа, за раконструкцијата на народанта кујна, која стана ХАБ за млади, за изградба на кејот на реката Вардар,  уредувањето на централното грдско подрачје. Зборувавме за брзо решавање на дивите депонии. Секој ден за жал имаме се’ повеќе диви депонии, а се надеваме дека со поддршка на ЕУ фондовите наскоро ќе се реши овој проблем на ниво на целата држава”, кажа Колев.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »