речник контакт

Рокот за пријавување за субвенции во земјоделието истекува на 30 мај а се пријавиле само 1,3 илјади земјоделци

Се очекува наредните денови да се пријават уште илјада апликанти

Петар Печков

Околу 1,3 илјади земјоделци досега аплицирале за субвенции за 2019-та година. Толку пријави стигнале до подрачната единица на Министерството за земјоделие во Велес од почетокот на пријавувањето,  19-ти април. Пријавувањето завршува на 30 мај. Се очекува, според претходните години, пријави да поднесат 2,3 илјади земјоделци. 

Очигледно земјоделците го чекаат последниот рок за пријавување, кога ќе се создадат големи гужви. Затоа апелирам тие да дојдат што поскоро и да аплицираат - вели Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во велешкиот поширок регион во кој се вклучени Општина Велес, Општина Градско и Општина Чашка. Земјоделците зафатени со пролетни активности на површините и културите, не наоѓаат време да дојдат и да се пријават, чекајќи како и минатите години, рокот да биде продолжен. 

Иако пријавувањето може да биде и електронски, најголем дел од земјоделците пријавувањето на субвенции го прават во просториите на Подрачната единица на МЗШВ во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »