речник контакт

Рокот за реконструкцијата на железничката пруга од Велес до Кадина река е продолжен

Поради високите температури МЖ Инфраструктура не била во можност да ја заврши санацијата во предвидениот рок па возовите и натаму сообраќаат на оваа делница со брзина од 20 км/ч

Петар Печков

Од ЈП МЖ Инфраструктура објавија  дека и натаму е во важност  ограничувањето на брзината на возовите на релацијата Скопје - Велес и обратно. Причина е што во рокот, кој сами си го дадоа, не усепале да извршат санација на оштетениот дел од пругата од Велес до Кадина река.

„Ремонтот на пругата Велес- Кадина река  не е завршен од причина што не дозволуваат временските услови поради високите температури не можат да се менуваат прагови и шини, бидејќи може да дојде до проширување на колосекот. Ремонтот ќе продолжи штом ќе дозволат временските услови и во период од неколку месеци ќе се оспособи пругата за поголеми брзини. Од наведените причини се уште важи одлуката за ограничување на брзината од 20 км/ч на дел од пругата Кадина река –Велес“ - информираа  од ЈП МЖ Инфраструктура.

Поради реконструкција на оваа делница од железничка пруга, од 26 јуни до 10 јули во терминот од 8 до 14 часот немаше железнички сообраќај.

Така патувањето на релација Велес - Скопје и обратно трае по 90 минути, освен ако не се случи некој вонреден настан па да се патува подолго. 

Така минатата седмица вечерниот патнички воз од Скопје за Велес кој поаѓа во 22,40ч пристигнал во 01.39 на станица Зелениково чекал  подолго време.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »