речник контакт

Романот на Стефановски „Теорија за кучешката година“ добитник на Рациновото признание за 2021 година

Почесното Рациново признание го доби Ала Генедјева Шешкен од Русија, професор на универзитетот Ломоносов во Москва,

Петар Печков

Милован Стефановски е добитник на Рациновото признание за 2021- година, за неговото дело  „Теорија за  кучешката година“ во издание на Матица од Скопје. Таа ќе му биде врачена викендов, кога во Велес ќе се одржат 58-то издание на Рациновите средби. 

„Во својот најнов краток роман писателот Милован Стефановски одбира преку своевидно монолошко обраќање на син кон татко на индиректен начин на читателот да му ја пренесе целата приказна без притоа да се приведе ниту едно лично име, ниту конкретна локација или топоним, ниту пак временска одредница за тоа кога се случува  дејството“ - кажа Христо Петревски, претседател на жиритов кое ја донесе одлуката за наградата. Во него членуваа и Стефан Марковски и  Делвина Крлуку. 

Годинава  Рациновото признание е доделено во конкуренција на 27 дела, што досега не е забележана бројка,  на пријавени дела во историјата на Рациновите средби. Во најтесна конкуренција за наградата останеле девет дела.  Добитникот Стефановски рече дека е почестен со добивањето на признанието. 

„Рацин за припадниците на мојата генерација, роден сум 1952-ра, е книжевна икона. Затоа со силна возбуда ја примив информација дека мојот роман, шести по ред,  е добитник на Рациновото признание.  Досега не сум учествувал на Рациновите средби и еве пред мојата 70-та година живот, добив шанса да бидам и учесник и награден. Во последно време опаѓа интересот за книгата, се надевам дека ќе дојдат подобри времиња, но за тоа не треба само очекувања туку и наш, авторски поголем придонес“  рече Стефановски.

Почесното Рациново признание го доби Ала Генедјева Шешкен од Русија, професор на универзитетот Ломоносов во Москва, за нејзината афирмацијата на македонска литература и култура во светот.    Таа е надворешен  член на МАНУ. 

Три дена од претстојниот викенд,  ќе се чествуваа делото на Рацин со повеќе содржини, меѓу нив и меѓународниот поетски митинг со учество на поети од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора,  со меѓународен научен  симпозиум на тема „Синтези за Рацин и Конески“ а в недела ќе се посети местото на погибјето на поетот и револуционер Рацин, на Лопушник.  Беседата за Рацин на отворањето на манифестацијата, годинава е на  проф. д-р. Атанас Вангелов. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »