речник контакт

Рубиковата коцка слави 40 години

Таа е изум на Унгарецот Ерно Рубик и досега е рподадена во повеќе од 350 милиони примероци низ светот

Петар Печков

Пластичната коцка во повеќе бои и слагалка во повеќе редови, што забавуваше и фрустрираше обожуватели во цел свет, ја слави 40-та годишнина. Легендарната Рубикова коцка  која е механичка загатка изумена во 1974-та година од страна на унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик.

Оригинално наречена „магична коцка“ од нејзиниот пронаоѓач, оваа загатка е преименувана како „рубикова коцка“ од компанијата „Ideal Toys“ во 1980. Исто така, ја освои награда за како германска игра на годината (Spiel des Jahres), во специјалната категорија за загатки.
Таа е светски најпродаваната играчка, со над 350.милиони  рубикови коцки и нејзини имитации продадени низ целиот свет.

Во типична коцка, секоја страна е покриена со девет налепници во шест бои. Кога загатката е решена, лицето на секоја страна од коцката е во една боја. Коцката го прослави својот 24-ти јубилеј во 2005, со издавање на посебна верзија на коцката, со налепница во центарот на белата страна со логото „Рубикова коцка 1980-2005“.
 
Загатката доаѓа во четири можни верзии: 2×2×2 (џебна коцка, наречена и мини коцка, јуниорска коцка или коцка мраз), 3×3×3 стандардната коцка, 4×4×4 (Одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (Професорската коцка). Постојат и поголеми коцки, 6x6x6 и 7x7x7 се исто така пристапни.
 

 Како дополнение на рубиковите иницијални прототипови,  на изложба во Њу Џерси  САД  се претставува 18-каратна златна коцка со над 1.300 скапоцени камења со различни бои – вредна  2,5 милиони долари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »