речник контакт

Русите преку лажни вести од портали во Македонија влијаea на изборниот пораз -Хилари Клинтон (видео)

За Клинтон Русите веројатно ги координирале своите напади со штабот на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп за што користеле дел од порталите со лажни вести кои доаѓале од Македонија

Петар Печков

Хилари Клинтон изјави дека ширењето негативни вести за неа од страна на интернет-портали од Македонија придонело за нејзиниот пораз на изборите во ноември. На настан во Калифорнија, Клинтон зборуваше за причините за неочекуваниот пораз во изборната кампања, во која беше соочена со обвинувања дека била корумпирана со донации од странски држави и компании, што беше потврдено со објавените хакирани интернет-пораки. Клинтон изјави дека хакери од Русија ги пробиле нејзините интернет-пораки и потоа ги ширеле преку интернет-портали регистрирани во Македонија.

Русите сè почесто вршат кибернапади и крадат големи количества информации кои потоа ги користат за да влијаат на пазарите, на безбедносните служби и така натаму. Овој пат тие решија да нападнат јавно и да ги користат информациите како оружје.Објавуваа разноразни приказни, преку некои момци во Македонија кои држат портали за лажни вести кои се направени да изгледаат како да се евтина верзија на Си-ен-ен или на лажен весник. Тоа беа лажни вести. Спротивната страна користеше содржини кои беа лажни и ги дистрибуираа на начин кој претставуваше личен напад - изјави Клинтон.

За илустрација како изгледа тоа, треба да се споменат некои вести објавени на нив,пласирани од Македонија,  како таа дека Хилари Клинтон е во љубовна врска со нејзината советничка од арапско потекло, дека Русија ја ставила Клинтон на црната листа, дека нејзината фондација купила илегално оружје во вредност од стотици илјади долари, дека Трамп победил со мнозинство на гласовите (а мнозинство гласови доби Клинтон со речиси еден милион разлика), дека Клинтон им продва оружје на ИСИС,  дека папата застанал зад Трамп, па и такви дека двајца црнци запалиле двајца белци со бензин, теми кои исто така одат во прилог на страстите на кои добиваше Трамп.

Уште пред изборите во САД, медиуми како „Базфид“ објавија дека вестите објавени на портали регистрирани во Македонија може да влијаат врз исходот на изборната трка, а по поразот на Клинтон, ова обвинување го изнесе и претседателот во заминување, Барак Обама.

Претседателот Доналд Трамп, пак, ја обвини Клинтон дека била неспособна во водењето на својата кампања и смета дека со промовирањето на теоријата дека изборите биле нелегитимни, Клинтон и Демократската партија се обидуваат да го делегитимираат неговиот избор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »