речник контакт

Рускиот филм, снимен во вселената „Предизвик“ со српскиот актер Милош Брковиќ пред велешани (видео)

Премиера заедно со светската на aмериканската романтична комедија, продолжение на „„Клуб на задоволни жени“

Петар Печков

Три филма од денес четврток до среда на репертоарот на 3Д киноверзум Велес, од нив две се премиери.

Руската драма „Предизвик“ со српската ѕвезда Милош Биковиќ  ќе се прикажува секој ден освен вторник во вечерниот термин.  Торакалниот хирург Евгенија Бељаева има еден месец да се подготви за лет до Меѓународната вселенска станица, каде што мора да оперира член на екипажот. Дали таа ќе биде подготвена за предизвикот? Дали може да ги надмине своите стравови и несигурности? Дали ќе може да изврши комплицирана операција во нулта гравитација и да му даде шанса на космонаутот жив да се врати на Земјата? Одлични се реакциите на гледачите, таму каде филмот е прикажан и тоа првиот филм во светот снимен во вселената (барем така тврди продукцијата) .  

Американската романтична комедија „„Клуб на задоволни жени - следно поглавје“ Ова продолжение на хит филмот од 2018 Клубот на задоволни жени, сега го следи патувањето на четири нови пријателки кои својот книжевен клуб го носат во Италија на едно женско патување, Во филмот играат : Дајан Китон,  Џејн Фонда, Мери Стинбурген и Кендис Берген. Ќе се прикаже вечерва, сабота , недела и вторник.  

Третиот филм кој се прикажува е СФ авантурата „Чувари на галаксијата3“ кој по првиот викенд во САД беше најгледан. .Сѐ уште тажен и гневен по смртта на Гамора, Питер Квил го собира неговиот тим да го одбранат универзумот, мисија која може да биде крајот на Чуварите ако не се успешни. Aмерикански филм за суперхерои од 2023 година заснован на суперхеројскиот тим на Marvel Comics, Guardians of the Galaxy, продуциран од студиото Марвел, а дистрибуиран од Walt Disney. Филмот трае два и пол часа. Ќе се прикажува секој ден до среда. Се прикажува од петок до среда во попладневниот термин. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »