речник контакт

Рускиот хит филм „Слуга 2“ со Милош Биковиќ пред велешката кино публика (видео)

Романтичната комедија „Бедни суштества“ и анимираниот „Духот од Кантервил“ премиери оваа седмица. Четири од најгледаните шест филма во светот изминатиот викенд, се прикажуваат во 3Д киноверзум Велес

Петар Печков

Девет филма се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес во наредните седум дена, до среда 24 јануари. Од нив три се премиери.

Руската комедија „Слуга 2“  со српскиот актер Милош Биковиќ  е една од премиерите.   Во продолжение на оваа хумористична филмска приказна, публиката ќе има можност да ги проследи комичните и возбудливи настани околу главниот лик Гриша (Милош Биковиќ), млад човек од високата класа кој се најде во улога на слуга од минатиот век,. По патувањето во „минатото“, тој реагира на секоја неправда на арогантната и разгалена Катја (Аглаја Тарасова), која наскоро ќе се најде во друго време и во поинаков општествен статус, што внесува нова линија во оваа филмска приказна.  Катја разгалена девојка, за сите нејзини лудости проаѓа неказнето. Мајката ја штити ќерката, но после се решава да биде построга.

Романтичната комедија „Бедни суштества“ е американски филм.  Неверојатната приказна за еволуцијата на Бела Бакстер, млада девојка оживеана од брилијантниот научник доктор Гудвин Бакстер.

Третата премиера е на анимираниот филм  „Духот од Кантервил“ насинхронизиран на македонски.   Англија на крајот на деветнаесеттиот век, кога научните пронајдоци носат нови погледи на светот, едно модерно американско семејство се преселува во нивната ново купена селска куќа за да дознае дали таа е опседната со духови. Сер Сајмон Кантервил успешно шета на теренот повеќе од триста години. Но кога се обидува да ги исплаши новите домаќини, тој се соочува со нови предизвици.

Големиот светски хит „Пчеларот „ со Џејсон Стејтам е втора недела на репертоарот на 3Д киноверзум.  Тоа е филмска приказна за Глеј  поранешен агент на организацијата „Пчелари“. Откако неговата пријателка и сосетка ќе се самоубие поради измама, тој решава брутално да се освети на сторителите.

Филмот „Вонка“ кој е меѓу нагледаните во светот и натаму го привлекува вниманието на публиката во Велес.   „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Дали сакате да знаете како започна сѐ? Откријте го потеклото на Вили Вонка и неговата средба со фасцинантните Умпа-Лумпа во неговите најрани авантури. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка, што го знаеме и денес.

Романтичната комедија „Само не ти“  која се наоѓа на четвртото место по гледаност изминатиот викенд, е филмска приказна за млад пар Бен и Беа, кој по неверојатниот прв состанок  и привлечноста, брзо се оладува, се додека не се најдат случајно во Австралија. И тоа  на свадба кај пријатели. И го прават она што сите зрели луѓе би го направиле - се преправаат дека се пар.

На 6 место минатиот викенд по гледаност во светските кина беше  Американскиот филм акција,  авантура и фантазија „Аквамен и изгубеното кралство“ . Аквамен ги балансира своите должности како крал и како член на Лигата на правдата, сето тоа додека планира свадба. Блек Манта е во потрага по атлантска технологија за да помогне во обновата на неговиот оклоп. Орм планира да избега од неговиот затвор во Атлантида.

Анимираниот филм од студиото на Дизни, бајката „Желба“ и натаму пред велешани.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

Цртаниот филм  „Човек пајак- ширум вселената“ се враќа на репертоарот. Мајлс Моралес се катапултира низ Мултиверзумот, каде што наидува на тим Пајак- Луѓе задолжени да го заштитат неговото постоење. Хероите се судираат за тоа како да се справат со нова закана.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »