речник контакт

СВР Велес со едукација за безбедно движење на учениците од домот до училиште

На претставниците на локалните власти им било укажано да се обезбеди проодност до сите пешачки зони на улиците кон училиштата, како и поставување на бариери за спречување директно излегување на децата од училишните дворови на коловозот

Петар Печков

Во пресрет на отпочнувањето на новата учебна година денеска -29. август, отсекот за превенција при СВР Велес,   започна со реализација на превентивно- едукативниот проект „Безбедно од домот до училиштето“.

Оваа година за прв пат проектот  ќе се спроведува во партнерство со надлежни служби при локалните власти на Велес, Кавадарци и на Неготино.

„Активностите ќе се спроведуваат континуирано во септември и во октомври, во непосредна близина на основните и средните училишта, во периодот кога учениците доаѓаат и заминуваат од училиштето. За таа цел денеска беше направена обиколка на училиштата во општините, фокусирана кон преглед на поставеноста на сообраќајните знаци од вертикалната и хоризонталната сигнализација, со кои се олеснува ориентацијата и движењето на учениците како пешаци во сообраќајот во близина на училиштата. Покрај тоа, беа евидентирани најпогодните траси за движење на децата од поодалечените места до училиштата, а на претставниците на локалните власти им беше укажано да се обезбеди проодност до сите пешачки зони на улиците кон училиштата, како и поставување на бариери за спречување директно излегување на децата од училишните дворови на коловозот“ - соопштија од МВР.

СВР Велес упатува апел до сите учесници во сообраќајот а посебно возачите, да бидат одговорни учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да допринесат за заштита на децата во сообраќајот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »