речник контакт

СДСМ - Чадиев сработи третина од најавеното

Опозицијата вели - градоначалникот на Велес не се грижи за реалните потреби на велешани

Петар Печков

Опозицискиот СДСМ реагираше на отчетот на градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.  За нив само третина од најавеното на почетокот лани е сработено во 2016-тат година.  

Граѓаните го чувствуваат Отчетот на градоначалникот Чадиев кога се движат по небезбедните улици. Кога нивните деца нема каде да спортуваат и да се рекреираат. По малиот број културни и творечки манифестации во градот кој некогаш беше симбол за културни случувања. Кога го дишат загадениот воздух. Градоначалникот на Велес не се грижи за реалните потреби на велешани. Тој не сработи ни третина од предвиденото за Поддршка на локалниот економски развој. А едвај над третина е вложено во предвидените проекти за енергетска ефикасност. Нула  проценти се одвоени од парите на граѓаните во Буџетот на Велес за социјална заштита на децата! – изјави портпаролот Весна Стојанова Богоевска .  

Таа се осврна и на економската состојба на локалниот Буџет.  

Градоначалникот Чадиев натовари долг на Општина Велес над 3.000.000 евра! И покрај огромното задолжување на граѓаните, општина Велес под раководство на Чадиев ја заврши 2016 година со долг од над 76.000.000 денари доспеани и неподмирени побарувања. Околу еден милион евра се наталожените долгови на основните и средните училишта во градот – рече Богоевска Стојанова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »