речник контакт

СДСМ - опозициската ВМРО-ДПМНЕ шири хистерија и глуми загриженост

Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски, порачаа од СДСМ

Петар Печков

По синоќешните протести на опозициската ВМРО-ДПМНЕ што се случија во 15-тина града во Македонија, меѓу нив и во Велес, одржан пред споменикот на Кочо Рацин во центарот на градот,  владејачка СДСМ со писмена реакција.  

Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија по економијата, апокалиптични сценарија по здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо.
А кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата.

Христијан Мицкоски е единствениот кој посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина.
Исто како што се однесуваше за време на пандемијата со коронавирусот, деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во одноа на државните и национални интереси.

Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалипса му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните - пишува во писмената реакција на СДСМ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »