речник контакт

СДСМ -Ако се кираџии зошто пратеникот нема пријава за дополнителен приход

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги извртува работите

Петар Печков

Продолжи вчерашната партиска преписка н а локално ниво,  за шесте лица  кои се водат на адресата, каде  живее  пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  Ѓорѓи Коџабашиев. СДСМ вчера праша дали на избирачкиот список,  се  шест фантомски гласачи од семејството Станојковски , кои ги има само фиктивно на   оваа адреса, Мирка Гиева бр.16.  

На прозивките се огласија од Подрачната единица на ДИК во Велес, кои информираа дека  станувало збор за потстанари, од Свети Николе и кои  ги има само на оваа адреса на живеење, не и на друго место. Денес опозицијата повторно со прашање до Коџабашиев.    

Ако овие лица биле потстанари кај него, зошто во неговиот имотен лист, никаде не  се пријавени дополнителни  финансиски средства од станарина, за периодот кога тие  таму живееле? Пратеникот Коџабашиев треба да излезе во јавноста и одговори на овие сериозни обвинувања - изјави портпаролот   на СДСМ за Велес, Весна Стојанов Богоевска.  

На овие прашања и прозивки одговорија од Општинската ВМРО-ДПМНЕ.  

Од чиста работа, СДСМ со афери и измислени сценарија се обидуваат да ги извртат работите.  Cпоменатите личности си ја задржале истата адреса и во избирачкиот список ги има само еднаш.  Cе виде дека нема поврзаност co пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев  - стои во писмената информација од ОК ВМРО-ДПМНЕ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »