речник контакт

СДСМ им понуди подобра иднина на велешани

СДСМ и здружената опозиција од митингот во Велес побараа поддршка од велешани за решавање на проблемот на стечајците и сиромаштијата

Петар Печков

Лидерот  на опозицијата Бранко Црвенковски од  митингот одржан во Велес му фрли нова ракавица на Никола Груевски. Тој  бара дуел кој би се одржал на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, пред нивните членови и поддржувачи. Но  Црвенковски му порача на Груевски дека само со помош од фотомонтажа може да биде поголем од него.

Ако навистина е таков јунак, најголем после Александар Македонски, храбар и решителен,  нека прифати дуел. Јас одовде му предлагам, ако сака ќе го правиме соочувањето на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, пред неговите, тие нека слушаат и гледаат.  По автопат  кон Велес, денес пребројав 20 билборди, каде е Никола а  јас покрај него. Тој крупен, висок, строен, јас ситен, никаков.  Е Никола, Никола, само на фотомонтажа можеш да бидеш поголем од Бранко – рече Црвеновски.

Според него  половина Фиренца живеела од лиењето на спомениците на Груевски, додека тука  народ осиромашувал. А зад секој тендер се криела пералница за пари. Од сето ова ќе ни останеле  спомениците и кредитите а ,,семејството,, ќе си заминело во Чешка или Јужна Афричка Република. За Црвенковски  е нејасно зошто Груевски  бара 62 пратеника а досега имал 63,  па го   праша што сработил, што добро испорачал за државата.

Тврдат дека 85  отсто од зацртаната ,,преродба,,   е остварена а Македонија е жална и бедна, руина, на што ли ќе личи Македонија ако  го реализираат ,,Манифестот,, ? Владеат по  системот ако не не сакаат, тогаш нека ни се плашат –изјави Црвенковски.  Кандидатот за иден премиер,  Шеќеринска ги најави плановите  кои ако дојдат на власт ќе ги реализраат како приоритет.

Да се врати иднината, да се прекине пет годишниот европски пост и отсуство од евроинтеграциите,  и да ги искористиме европските фондови, 994 милиони стојат така, тоа за нас е главна задача.  Ќе почнеме војна против сиромаштијата,  за 650 илјади луѓе кои живеат во лоши услови,   за подобар живот за 330 илјади невработени. Ќе донесеме  Закон за стечајци, Закон за плата не пониска од 9 илјади денари, Закон со кој  секој постар од 65 години ќе добие државна социјална пензија.  За да одиме напред  ќе градиме автопатишта и хидроцентрали, со макадам не се оди во Европа  – изјави Шеќеринска.

За неа  е нејасно зошто по Скопје се градат плажи покрај Вардар  а нема пари тој да се исчисти, како може да се гради витруелно село а вистинските, каде живеат луѓе, да изумираат. Носителот на листата на здружената опозиција во ИЕ 3 Стевче Јакимовски ја праша власта кои инвестиции ги донеле за овие пет години во Македонија.

Претходно ги донесовме Митал, ЕВН, Индо минерали, Џонсон Контрол, што вие донесовте од странските инвестиции.   Вие љубители на сечење панделки, дали отворивте хидро електрана, кој автопат го изградивте, кој мелиоративен систем?   Ни 4-те преостанати загубари не ги решија. Во наше време Америка не призна под уставно има а добивме стасут земја кандидат за членка на ЕУ. А оттогаш не мрдневте ни микрон, не милиметар – рече Јакимовски.

Тој потсети дека во нивното владеење  изграден е гасоводот за потоа да не се догради ниту еден метар, дека нивните градоначалници во Куманово и Струмица, без пари од државта исто така ги гасификуваа нивните градови.  Пред присутните велешани се обрати и кандидатот за пратеник, нивниот сограѓанин Марјанчо Николоски. За него и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо ново, освен што ја смениле бојата од портокалова станеле црвени, бидејќи така сакале да го скријат срамот од нивното владеење.

Власта даде повеќе пари за споменици и лавови, отколку за стечајци, повеќе апри даваат за плажи отколку за болни, повеќе има за жичарници  отколку за социјалните случаи. Со потписот на Груевски во 2000-тата како министер  за финансии се запечати судбината на  четирите најголеми велешки велечки фирми, Лозар, Топилница, Нокатекс,Порцеланка и на улица остнаа 7 илјади луѓе. Сите фабрики во Велес, во транзицијата беа уништени во времето на ВМРО-ДПМНЕ, видете кој се газди на Маслодајна на Киро Ќучук – рече Марјанчо Николов канидат за пратеник на изборниот митинг на опозицијата одржан во центарот во Велес.

Платен политички простор

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »