речник контакт

СДСМ прашува зошто Велес е во мрак и како се трошат парите од граѓаните кои се за улично осветлување

Од кабинетот на градоначалникот Колев одговорија дека парите се трошат наменски да се платат зголемените сметки за јавно осветлување за 49 милиони денари

Петар Печков


Советничката група на СДСМ на прес конференција реагираше за улиците во градот и во селата од општината,  и мракот кој владее кај дел од нив.  Советничката Пандорка Прличкова праша  зошто улиците се во мрак и како се трошат парите кои граѓаните ги одделуваат за улично осветлување.

„Велешани веќе подолг период во поголемиот дел од градот и селата се движат по темни и не безбедни улици. Жителите на општина Велес редовно ги плаќаат сметките за струја, но јавно осветлување нема, со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните. Мрак и несигурност кај велешани. На сметката на Општина Велес од ЕВН по основ на наплатени пари од улично осветлување за првите девет  месеци во 2023 година легнале вкупно 40. 458.199 денари. Граѓаните си го платиле уличното осветлување, кое го немаат! А општината потрошила само 18 300 794 денари за јавно осветлување. Ова значи дека реално темните улици и мракот за кои што реагираат и граѓаните чинат само 18 300 794 денари а се друго е добивка за општината“ кажа Прличкова.

Таа презентираше информација преглед на прибрани средства и уплатени пари за потрошена електрична енергија за јавно осветлување. Неа ја добиле врз основа на поставено советничко прашање.  

Прличкова  побара итно да се вклучи јавното осветлување кое го плаќаат граѓаните, а со тоа ќе се вратела  и безбедноста низ велешките улици. Побара и  одговор каде завршиле 22 милиони денари кои останале во буџетот на општината, а треба да се трошат наменски односно за плаќање на сметките за електрична енергија,за проширување на уличната мрежа и за замена на прегорените светилки, како и замена на постојните светилки  со ЛЕД.

Од кабинетот на градоначалникот Марко Колев одговорија дека  со средства кои граѓаните ги уплатуваат за осветлување на јавните површини,  наменски се трошат, се плаќаат сметките за улично осветлување. Оти во првите месеци кога дошол на таа позиција Колев, сметките од 1,7 милиони денари месечно пораснале на 5,8, потоа 6,6 милиони, па и до 8 милиони. Или за три месеци биле платени сметки од 20 милиони денари а толку пари не се слевале во општинската каса од граѓаните за јавно осветлување.  Додека  за сите овие  22 месеци локалната власт платила 49 милиони денари повеќе отколку за истиот период претходно.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »