речник контакт

СДСМ со кривична за директорот на Гимназија

Причина ја злоупотребил службената должност. Локалната власт - постапуваме согласно правната регулатива и другите акти за работењето

Петар Печков

Велешкиот огранок на СДСМ информираа дека поднесе    до    Основното   Јавно  Обвинителство Велес,  кривична  пријава против  директорот С.А. на  велешката  Гимназија.    тие   сметаат дека директорот  сторил  кривично дело,,злоупотреба на  службена   положба,,.  Со кривичната  пријава тие сметаат дека С.А. при  одлучувањето во постапката  за избор  на   изведувач  на екскурзија за учениците од трета година,  прекршени се одредбите на Законот за   јавни набавки  и Правилникот за начинот за изведување на  ученички екскурзии.  

Имено   само по два дена од   изборот на фирмата коај ќе ја изведе ексурзијата, таа била изведена, иако рокот за жалба на страните  кои учествуаат  на него е осум дена.    Тие оваа кривична ја поднесуваат, оти ,,градоначалникот Чадиев не презел мерки против незаконското работење  на неговиот кадар,,.  СДСМ  од Велес најави дека во иднина можат да се очекуваат од нивна  страна,  други кривични пријави доколку имат индиции за незаконско работење  на локалната власт.  

 Од локалната  власт реагираа, сметајќи дека СДСМ прави театар.  Тие напоменуваат во интерес на вистината дека Општина Велес будно го следела случајот со реализирањето на екскурзиите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин” Велес и соработувала со сите релевантни институции. Притоа, водени од праксата на континуирано законско работење на Локалната самоуправа, ја уверуваваат јавноста дека и во овој случај постапуваат согласно правната регулатива и другите акти за работење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »