речник контакт

СДСМ со нов прес, за недомаќинско трошење на парите во образованието

По реакциите на јавноста за целта на овие прес конференции, од СДСМ кажаа дека јавноста треба да знае како работат раководните лица на училиштата

Петар Печков

ОО на СДСМ од Велес со нова  прес конференција и овој пат на тема за образованието и училиштата. На прашањето  а по реакциите на дел од јавноста, зошто како владеачко мнозинство  на прес конференции ги  кажуваат работите од  образовниот  процес, портпаролот Весна Стојанова Богоевска  рече дека тоа е  во интерес на јавноста.

Една од одликите на СДСМ е транспарентноста. Прво јавноста треба да биде  информирана. Како сограѓаните ќе знаат   што се се случувало во училиштата, какви неправилности има. Овие  прес конференции се во интерес на граѓаните да знаат како стојат работите - рече Стојанова Богоевска.  

Таа сподели информации од  последната седница на Советот на Општина Велес,  кога  беа разгледани  завршните сметки на основните и средните училишта во општината. 

Констатирано беше  нелогично, сомнително и во најмала  рака недомаќинското  трошење на народните пари .  Имено раководниот орган на  училиштето Рајко Жинзифов од Горно Оризари  во периодот од 2014 година без Одлука на Советот на Општина Велес кој е оснивач и на  ова основно училиште ја изнајмил старата зграда на училиштето на приватна фирма.Незаконски  и без Одлука на Советот подарувал мебел и  друг инвентар  на друга институција, што е свесно кршење на законите. Од тогаш до сега од страна на претходната власт во општината не е превземена никаква мерка со цел да се санкционира ова недомаќинско однесување и раководење - изјави Стојанова Богоевска. 

За ова ТрМр побара  изјава  и  од  раководното лице на прозваната  институција, директорот на ОУ ,,Рајко Жинзифов,, од Горно  Оризари.

Не е точно дека сум  ја изнајмил   зградата на старото училиште. Имаше заинтерсирани но  до  договор не дојде и таа не беше  користена  од  никого. А за тоа дека  сум подарувал мебел, фактите се дека тој беше даден  на реверес на Затворот од  соседството. Откако на  последната седница не беше изгласан извештајот за работа, инвентарот е вратен во  школото - рече директорот Рамо  Биберовиќ.   

Во продолжение од прес конференцијата, општинскиот портпарол на СДСМ за Велес кажа дека  имаат информации за некои училишта  кои собирале пари за екскурзии на рака и за дневници за воншколски активности  .

 Тоа  е незаконски  затоа што  средствата за екскурзии треба да бидат  уплатуваат на жиро-сметка, никако на рака, со цел да се спречат можни злоупотреби.  Посебен проблем е делењето дневници за воншколски активности. Врз основа на извештајот на едно училиште, за ДОГОВОРНИ УСЛИ И ДНЕВЕН НАДОМЕСТ  се платени 391.348 денари, што преставуваат 217 дневници. Имаме сознанија дека дел од овие активности во проекти се реализирани  за време на наставата, а со тоа се  пропуштани  редовните наставни  часови. Зошто е ова дозволувано досега ,  треба да го одговори oпштинскиот  просветен инспектор.  На крај уште еднаш,  јавно го повикуваме  општинскиот  просветен инспекторат и ОЈО Велес  по допрен глас да поведе предистражна постапка за утврдување на можни злоупотреби  - заврши Стојанова Богоевска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »