речник контакт

СИТРОЕН Ц4 избран за автомобил на годинат во Македонија

Во гласањето на публиката, победи „шкода октавија“

Петар Печков

„Ситроен Ц4“ e  Автомобил на годината во Македонија, што за првпат во изминатите 25 години му припадна на овој француски производител. Во финалниот избор, „Ц4“ ги победи „ленд ровер дифендер“, „нисан џук“, „пежо 2008“, „шкода октавија“, „сеат леон“, „тојота јарис“ и „фолксваген голф“.

„Изграден врз целосно нова платформа, ‘Ц4‘ прави квантен скок во однос на неговиот претходник. Со мултиенергетската архитектура, која овозможува во едно возило да се вградат бензински, дизелски и чисто електричен погон, одлучно исчекорува кон иднината. Иако на граница на компактните кросовери, ‘Ц4‘ дава нова димензија на семејните хечбек возила“, се вели во образложението на Националното жири.

Во гласањето на публиката, што се овозможи за првпат, победи „шкода октавија“, теренец на годината е „пежо 2008“, а најдобар електричен модел е „пежо е-208“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »