речник контакт

СМС Занимливости

Топ листа на спам пораки во 2005-та година СМС или меил како потсетник дека треба да земете таблетка за контрацепција Казна поради СМС клетва

Зоран Николов

[b]Топ листа на спам пораки во 2005-та година[/b] Огласите во кои се спомнува американскиот магнат Доналд Трамп и оние кои рекламираат зголемување на машкиот полов орган се наоѓаат на списокот на 10 најчести „спам” пораки на Интернет во 2005-та година, објави Интернет компанијата „Америка онлајн”. Сексуално експлицитните пораки продолжуваат со трендот на намалување на популарноста. „Порнографијата е минато кога е во прашање несаканата пошта”, изјави Николас Грем, портпарол на „Америка онлајн”. Во 2005-та година “Америка онлајн”, блокирала во просек 1,5 милијарди спам пораки дневно, што значи дека во просек 8 до 10 пораки се отфрлени како несакана пошта. [b]СМС или меил како потсетник дека треба да земете таблетка за контрацепција[/b] Жените во Велика Британија можат во иднина да примаат СМС порака на мобилниот телефон или преку електронска пошта како потсетник дека треба да земат таблетка за контрацепција во одреден ден и во одредено време, соопштија основачите на оваа нова служба. Тие кои ќе се пријават и ќе платат две фунти месечно (2,8 евра) ќе примат СМС порака или меил од сајт на Интернет наречен „Купидонов часовник”. Основачите на овој сајт, брачниот пар Таплин, на своите клинети им нудат потсетници за важни датуми, како што се годишнини од брак, родендени итн. Џон Таплин тврди дека сајтот има неколку илјади корисници во Велика Британија, и оти од неодамна е активиран и во Германија и Хрватска. [b]Казна поради СМС клетва[/b] Еден деловен човек во Кина мора да плати оштета од 120 американски долари (веројатно веќе ја платил) поради испраќање на клетва преку СМС порака на својот деловен партнер, јавија кинеските медиуми. Во пораката испратена за кинеската Нова година (минатата година, годинашнава допрва доаѓа), тој напишал „Секој ден во Новата година ти посакувам се најлошо“, објави кинескиот весник „Чајна дејли“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »