речник контакт

СОС телефон за деца и млади 0800 12222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши

По повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја информира јавноста за состојбата на бесплатниот СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 а воедно и потсетува за значењето кое го имаат линиите за помош на деца.

Петар Печков


СОС телефон за деца и млади (0800 12222) во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши континуирано работи веќе 17 години.

Од 1993-2010 година се регистрирани  вкупно 18 023 случаи. Во 2010 година, СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 одговори на 239 повици и бесплатната правна служба интервенираше во 105 случаи. Повиците во 2010 година се однесуваат на проблеми при  бракоразводни постапки деца (19,25%), потоа семејно насилство (17,99%),  насилсво во воспитно образовни институции (7,95%), сексуална злоупотреба (5,44%),  правни совети и информации (5,44%), проблеми во меѓусебна комуникација (5,00%), стручни совети и консулатации за психичката сотојба на децат и малди (4,60%), проституција, питачење, малолетничка деликвенција , проблеми со зависност, здравствени проблеми, љубовна врска малолетник возарасен ( 3,36%), информации за бременот, проблени со докажување на татковство и проблеми со посвојување(3,36%), деца жртви на насилство од возрасни (2,93%), насилство на улица меѓуврсници(1,67%), иституционална злоупотреба (1,67%), злоупотреба од страна на медиум(1,26%)

 

Постојат повеќе причини зашто децата се јавуваат на СОС бесплатниот број 0800 12222. Децата претставуваат ранлива група во секое општество. Тие се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. И затоа линиите за помош на деца им ја даваат можноста на децата да добијат помош и да ги изразат нивните проблеми.

 Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење и важност, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата што овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнато. Нивната мисија е да одговорат на детските потреби за грижа и заштита. Добро е да се знае дека од помошта/поддршката децата ги дели само еден телефонски повик.

 

Оваа услуга ја овозможуваат многу млади луѓе, студенти и професионалци - психолози, социјални работници, правници и сл. на волонтерска основа. Тие први се соочуваат со апелот за помош. Истовремено, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, при интервенцијата на овие случаи, соработува со Народниот Правобранител, а за одредени случаи кога е потребно ја насочува својата интервенција кон полицијата, судовите, Центрите за социјална работа, училиштата и други  релевантни институции.

 
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа Child Helpline International - која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет. Така, на 17 мај заедно го одбележуваме фактот што ниедно дете не е само.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »