речник контакт

Сабота 7-ми август, трето авионско прскање против комарци

Се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат после спроведувањето на третирањето

Петар Печков

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на  7-ми август (сабота) во периодот од 5до 8 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 8 август (недела).

„Границата, на третирањето е Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село  Горно Караслари.  На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари“- соопшија од локалната власт.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

„Третманот се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од Biogenesis, Belgrad Srbija, кој се разредува со растително масло, се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат после спроведувањето на третирањето“-додаваат од Општина Велес.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »