речник контакт

Сабота вечер, пред 8-ми март, сообраќајната полиција пронашла шестмина пијани возачи по велешките улици

Контролата е извршена во период од шест часа

Петар Печков

Сообраќајната полиција саботата вечер и ноќ, извршила контрола по велешките улици, дали и колку возачи возеле под дејство на алкохол.                                  

На 7-ми март  во периодот од 22 до  4.часот на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При тоа  откриени се 13 прекршоци, од кои шест во Велес, четири во Кавадарци и три во Неготино- соопшти Верољуб Доедевски, портпарол на СВР Велес. 

Информираше дека на возачите им биле  изречени соодветни казни.

Викендов идентична акција била спроведен и во Битола, каде се  констатирани се 18 алкохолизирани возачи,  во Тетово 8 возачи, во Гостивар три,  11 во Штип, пет во Свети Николе, три во Кочани, по два во Делчево и БЕрово, по еден во Пробиштип и Виница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »