речник контакт

Сабота наутро, второ авионско прскање против комарци

Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство

Петар Печков

Второто годинашно авионско третирање против комарци ќе се изврши на  15 јули, сабота, во периодот од 5 до 8 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање,  ќе се изврши наредниот ден, 16 јули -недела, соопштија од Општина Велес.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.

„Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина. Третманот се врши со средство KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производител  KULSAN ILАС, од Турција. одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на Решение 19-359/2 од 30.04.2018 година“- соопштија од локалната власт.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, предупредуваат од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »