речник контакт

Саботата попладне два пожари истовремено во велешко

Горела ниско стеблеста вегетација и сува трева кај Ораовдол и помеѓу Бузалково и Клуковец

Петар Печков

Во саботата попладне, истовремено велешки пожарникари мораа да работат на гаснење на  два пожари. Првиот бил регистриран  во 14:35 во близина на  село Ораовдол во место викано Карпас. Територијалната Против пожарна единица од Велес излегла   на лице место со едно  возило и  четворица  пожарникари спасители,  мештани од село Теово, локален шумар со брзата интервенција е спречено проширување на пожарот. Тој е локализиран во 16,30ч. Изгореле два хектари сува трева и приватна дабова шума.

Истиот ден сабота попладне,  во 15:50 примена била  дојава за настанат пожар помеѓу селата Бузалково и Клуковец во кој гореле сува трева и грмушки.  ТППЕ Велес била  на лице место со 2 против пожарни  возила и осум  пожарникари спасители, кои  со брзата интервенција и  со помош од локалното население пожарот беше ставен под контрола а потоа и целосно изгаснат, во 17,40ч. Изгореле 10 хектари површина со сува трева и ниско стеблеста вегетација.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »