речник контакт

Саботна ноќна контрола по локалите во Велес, втор ден

Во еден локал пронајдени куп неправилности, пронајдено лице кое продавало дрога, малолетници во објект по полноќ, обезбедување без лиценца а со оружје, нерегуларност на регистрирање на готовина

Петар Печков

Во текот на ноќва, сабота кон недела, после полноќ, нова заедничка координирана акција на полицијата, државниот пазаришен инспекторат, УЈП. Во угостителски објект во Велес контрастирани повеќе неправилности и прекршоци.

„Од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес од страна на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за службени кучиња, СВР Скопје и СВР Велес, како и инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори), при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица“ - соопштија од МВР.

Но локалот имал и други неправилности констатирани од стана на УЈП и Државниот инспекторат за труд.

„Констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот“ - пишува во писмената информација.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »