речник контакт

Саем на детска книга, на дела изработени од самите деца

Од продажбата се собрани 18 илјади денари кои се наменети за мали библиотеки на отворено

Петар Печков

Во просториите на медиотеката од Градската библиотека се одржа детски саем на книга „Детски книги за широки насмевки“. Организатори беа  Локалната библиотеката „Гоце Делчев“  и Детската градинка  „Димче Мирчев“. Настанот имаше хуманитарен карактер, одѕивот достоен за почит со посетеност од околу 200 дечиња.

„Дечињата имаа можност да си одберат книга изработена од  друго дете. Изборот беше за некои деца тежок и возбудлив. Родителите и децата се запознаа со богатиот книжевен фонд на литература за деца во Библиотеката. На нивните лица имаше широки насмевки за книгата изработена од детските рачиња. Се надеваме дека уште од најмала возраст ќе успееме да поттикнеме љубов кон пишаниот збор и кон книгата“ -  соопштија од Детстка градинка.   Тие им се заблагодарија на  родителите, за соработка и креативноста.

На настанот се  собрани средства кои ќе бидат наменети за набавка и поставување на мали библиотеки на отворено од типот остави- земи, во висина од 18 илјади  денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »