речник контакт

Саем на книгата за Нова Година

Отворен Новогодишниот Саем на книгата, сместен во Градската Библиотека. Ќе биде отворен до 30-ти декември од 9 до 21 часот. Има илјада наслови од десетина издавачи по поволни цени и со попуст

Петар Печков

Саемот на книгата го организира Градската библиотека, два пати годишно во текот на Рациновите средби во лето и пред Нова година. Тука велешани можат да се снабдат со актуелни изданија.

Саемот покажува дека му е потребни на градот и е традиционална манифестација која се одржува по 7-и пат. Десетина издавачи од земјава понудија околу илјада наслови од сите жанрови, по популарни цени, некои и со попуст и до 50 отсто.     

  Во рамките на отворањето на Зимскиот Саем на книгата во Велес беше промовирана едицијата  ,,Културно наследство на Македонија,, од Димитар Ќорнаков во издание на Матица Македонска. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »