речник контакт

Саем на чоколадa во Париз

Смотрата посветена на чоколадата што се одржа 17-пат по ред кај Bерсајската порта во Париз, ја посетија повеќе од 100.000 луѓe

Петар Печков

Релаксирачко и во исто време возбудливо, слатката чоколада, омилената закуска на сите гурмани од сите возрасти на целата планета, одамна доби и свој престижен, париски салон. Кај версајската порта во Париз секоја година се одржува саем посветен на најпознатата суровина какаото.

Оваа година, 17-пат по ред, салонот за само пет дена го посетија над 100.000 луѓе. 160 најпознати производители се натпреваруваа кој ќе понуди поубаво произведена, украсена или завиткана чоколадна закуска.

За ова кусо време, поделени се или продадени дури 85 тони производи од чоколада!

Мајсторите се натпреваруваа кој пооригинално ќе го обликува својот десерт. Големо внимание предизвикаа и чоколадните скулптури во облик на Ајфеловата кула или Триумфалната капија...

Сепак, како и секоја година, најмногу внимание привлече традиционалната модна ревија од чоколадни „крпчиња“. Манифестацијата имаше голем успех и беше организирана секој ден во салонот.

Новитет оваа година беше и тоа што меѓу многубројните манекенки и мисици, на пистата со своите колешки се појави и поранешната позната француска порно ѕвезда Клара Морган, која во меѓувреме ја сменила професијата и станала спикерка и пеачка.

На својот карактеристичен начин ги носеше креаторските модели на долна облека од чоколада, која се лепеше за нејзините прекрасни облини и предизвика слатка фантазија кај публиката, посебно кога во еден момент случајно и падна градникот...

текстот е преземен од Вечерње новости - Белград

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »