речник контакт

Сакав да те сретнам нова книга на Ѓорги Бисерков Дампе

Дампе за посетитетлие на ТРМР подарува една песна од неговата неодамна објавена збирка, која по неговото враќање од Словенија ќе ја промовира во Велес

Петар Печков

Сакав да Те сретнам
Барем еднаш, О Боже
Огин да ми дадеше
Светлина в џеб скрита
Да облечам лица
До студенило облека што носат
Да и однесев
Душа да стоплат, О Боже
Сакав да Те сретнам
Да Те замолам
На распетје
Од најтврда болка изделкано
Пред време
 Да не ја распнувам минливоста
Небаре барјак Македонски
...греота е
Сакав да Те сретнам, О Боже
Ука да ми дадеш
Како да препознам
Играта нечесна
Ороводци неумни што ја водат
Тапан да им дупнам
Зурла разуздана да им сотрам
Сакав да Те сретнам
И да Те прашам
Каде се вари алчноста
Казан да им ничкосам
Грнци да им скршам
И в пепел да ја закопам
И ова да Те прашам
Кој мене пат ми кажуваше
Везден да одам
И сал загубен да бидам
А Те барав на секаде
Те барав по сокаци и ќорсокаци
По одаи старински
По гробишта
По кафеани смрдливи
Во вински чаши превртени
По ридишта
По реки
Шуми
Низ цел свет Те барав
А Ти во мене
...и не Ти се лутам да знаеш

Љубљана ноќта на 30 јануари 2013

 Ѓорги Бисерков Дампе

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »