речник контакт

Сакам уште снег!

Еве го првиот снег. Знам дека и претходно имаше по некоја снегулка, ама официјално денес падна првиот снег.

Аница Солева

Еве го првиот снег. Знам дека и претходно имаше по некоја снегулка, ама официјално денес падна првиот снег. Е сега, со снегот ќе паднат и првите проблеми. Ќе биде интересно. Се надевам дека нашиве улици ќе бидат благовремено исчистени за да може непречено да се одвива сообраќајот. Многу мразам кога децата ќе почнат да се лизгаат со санките на мојава улица. Тогаш е вери лизгаво и ќе морам и јас да почнам да се санкам со мојата невидлива санка. Ама ајде, деца. Нека се радуваат! Мислам дека лани имаше голем Снешко во младинскиот парк. Зошто тоа не стане една традиција во Велес, нормално ако има снег :) Ајде сите надвор на снегов, да се маваме со топки!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »