речник контакт

Само две нови позитивни лица на ковид-19, но во Болница се 56 пациенти

Активни случаи во велешко се 313

Петар Печков

Вчера недела, кога не работеа пунктовите за земање брис во Велес, во општината се регистрирани само два нови случаи на лица позитивни на ковид-19, а оздравени се  15 пациенти. Ова се податоците кои Институтот за јавно здравје ги објави денес, понеделник.  Така активни случаи во велешко се 313 а досега се заразиле   3.757 лица.

Според информациите од велешка Болница таму се  хоспитализирани 56 пациенти, од кои 45 се потврдени позитивни, седуммина се  сомнителни  и четворица  пациенти се  со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 20 пациенти. на Инфективно одделение се 46 пациенти а во Интерно 10.

Еден пациент е транспортиран  за Скопје во Градска општа болница 8-ми Септември -Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »