речник контакт

Само осум активни случаи со ковид-19 во велешко

Во Болница се згрижени пет пациенти, еден е од Кавадарци

Петар Печков

Бројката на активни случаи со ковид-19, во велешко падна под 10, денес четврток, има осум. Ова го објави Министерството за здравство.

Колку за потсетување, пред седум дена беа 17 активни случаи. Изминатите 24 часа, нема ниту ново заразени, ниту оздравени пациенти.
 
Во Велешка болница згрижени се пет пациенти и сите се позитивни. Четворица се од Велес, еден е од Кавадарци.

На Инфективно одделение се двајца пациенти а на невропсихијатрија се тројца. На кислородна поддршка е еден пациент. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »