речник контакт

Само реми за фудбалерките на ЖФК Борец на домашен терен со ЖФК Деспина

Bо дербито на колото, на двете непоразени екипи, убедлив пораз за ГОК Борец од ОК Струмица

Петар Печков

Само реми за фудбалерките на ЖФК Борец, во шестото коло од Првата лига. На Градски ЖФК Борец- ЖФК Деспина 1:1, велешанки поведоа со голот на Максимовиќ во 34` минута. Гостинките, кои се во втората половина на табелата, а велешанки се борат за врвот, израмнија во 63`.

Настојувањата на домашните фудбалерки, да победат да победа беа неуспешни. По ова реми ЖФК Борец падна за едно место на табелата, сега е 5-и со 11 бода. Следното коло велешанки гостуваат во Битола на екипата на ЖФК Атлетико која е  последна без ниту еден бод.  

Вчера -вонредно коло играа и одбојкарите,и тоа дерби со екипата на ОК Струмица. И двете екипи по шест кола беа непоразени а вчера се радуваа домаќините со убедливи 3:0 (10;14;13). Во следното коло, в сабота повторно дерби за ГОК Борец, дома ја пречекува екипата на ОК Универзитет Тетово, и двете екипи имаа по еден пораз и средбата треба да даде одговор за тоа кој е поквалитетен во моментот. Натпреварот се игра во салата Гемиџии од 20ч..  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »