речник контакт

Само четири нови случаи на позитивни со ковид-19 во велешко денес

Активни се 573 случаи, од нив 541 се на домашно лекување

Петар Печков

Само четири ново заразени лица се евидентирани од Центарот за јавно здравје Велес, во денешниот ковид- билтен, оздравени се 25 пациенти. Досега вкупно во велешко заразени се 2.718 лица, оздравени 2.056 пациенти.. Починато има 90 пациенти позитивни на ковид-19. Активни се 573 случаи, од нив 26 се во велешка Болница, три во приватни клиники во Скопје,  де се во Болницата Козле и едно во торако- васкуларна клиника исто во Скопје. На домашно лекување се 541 пациент, позитивен со корона вирус.  

Хоспитализирани  во велешка Болница се 38 лица, од кои 30 се потврдени позитивни, двајца  пациенти се сомнителни и  шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. На Инфективно   одделение се 34 а на Интерно четворица пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »