речник контакт

Самоеваулација, доживотно учење

Самоевалуацијта е можност за градење на образовните перспективи на кадарот, да се содадат услови на внатрешна и индивидуална одговрност за развојот на училиштето

Петар Печков

 Во рамките на подготовките за  организација на Програмските индикатори за самоевалуацијата за наставно-воспитната работа во учебните 2013/2015 година во Општина Велес се одржа педагошка работилница со наставниците - координатори на програмски подрачја во општинските основни и средни училишта. Теми на стручната расправа беа Индикатори и  Методологија на самоевалуацијата и Анкетни прашалници.

Самоевалуацијата e основен двигател на наставниот процес во функција на доживотното учење за унапредување на квалитетот на образованите постапки на кадарот во училиштето. Еволутивниот пристап во вреднувањето на професионалните активности обезбедува нов пристап.Покрај надворешното вреднување на образовната работа, се смета за најплодотворен механизам за унапредување на квалитетот на наставната  работа во установата каде се поттикнува доживотното учење. За самоевалуацијата постојат меѓународни документи во кои се промовираат барања за подобрување на квалитетот на образованието. На преден план е  Виенската декларација од 1998 година, а потоа следуваат Препораките од Европскиот парламент за унапредување на квалитетот на образованието во Европа од  2001 година – изјави Божидар Јовиќ предавач на оваа тема.

На работилницата беа присутни 105 наставници од основните и средните училишта од Велес, Лозово, Богомила и Чашка, а истата ја водеше општинскиот инспектор за образование, Божидар Јовиќ. Придобивките од педагошката работилница ќе ги почувствуваат сите учесници во образовно- воспитниот процес – учениците, наставниците, училиштето и пошироката општествена заедница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »