речник контакт

Самоизолација и за вработени од Центарот за Јавно здравје и од продажниот маркет

Центарот за Јавно здравје продолжува со работа а дали продажниот објект ќе работи зависи дали компанија може да ја организира работата со постојниот број вработени

Петар Печков

Министерот за здравство Венко Филипче, на попладневната прес конференција кажа дека во самоизолација ќе одат и вработени од големиот продажен објект каде има шест лица позитивни на ковид-19 и  од Центарот за јавно здравје од Велес, каде има три лица со корона вирус. 

Согласно наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат,  15 вработени  добиваат решение за  самоизолација. Ако оваа компанија може да ја организира работата со останатиот број на вработени, маркетот ќе работи. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на продажниот објект - изјави Филипче.  

Во Велес престојувале и инспектори од Скопје и епидемиолози, кои  направиле вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот Центар за јавно здравје, каде продолжениот празничен викенд беа пронајдени три здравствени лица позитивни на коронавирусот. 

Определена е самоизолација на вработени во зависност колку често имале контакти со заболените.  Направена е ротација на кадри и сите  одделенија функционираат нормално,  вклучително  и пунктот за земање брисеви.  Се работи   за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето во претходниот период - кажа  министерот Филипче. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »