речник контакт

Самостојна изложба на наивецот Љубе С. Мирчевски Нежил

Пред јавноста се претставува со 40 дела од неговата годинешна продукција

Петар Печков

 Во Ликовниот салон беше отворена изложба на сликарот наивец Љубе С. Мирчевски Нежил. Тој на публиката и се претстави со 40 дела работени во повеќе техники а сите создадени оваа година. Ова е втора негова самостојна изложба а истата е во организација на Народниот музеј од Велес.

По подолго време сликање, творештво решив да се претставам на моите сограѓани. Сликите се  платно, на дрво, има керамика, графика повеќе жанрови.  Оваа изложба е мојот емотивен свет – вели Мирчевски.

Изложбата ќе биде поставена до крајот на месец јули а на нејзиното  отворање присуствуваа почитувачи на авторот негови  пријатели . Со сликарство Љубе се бави 25 години.  Сликите се продажни и секој посетител може д а купи ако некое од делата му се допаднат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »