речник контакт

Санација на карпата која ја загрозува црквата Св.Пантелејмон

Карпата која загрозува црквата Св.Пантелејмон ќе биде отстранета со тоа и опасноста по овој споменик на културата стар 160 години.

Петар Печков

Карпата која загрозува црквата Св.Пантелејмон ќе биде отстранета со тоа и опасноста по овој споменик на културата стар 160 години. За оваа намена Владата преку Министерството за култура одвоило десет илајди евра, колку според проценките на стручњаците од Градежниот и Архитектонскиот факултет, се потребни за елиминација на каменот тежок неколку тона. Тој ги доведува во опасност и животите на верниците кои минуват во неговото подножје.

- Карпата која е надвисната на црквата ќе се распарчи со компресор и ќе се отстрани. Стручни лица беа тука и по нивните проценки не смее да се кориси динамит ,бидејќи на тој начин во опасност ќе биде доведен храмот, кој од парчињата што ќе летнат може да се оштети - изјави Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Оваа операција на отстранвуање на каменот, кој е надвиснат над Св.Пантелејмон ќе трае две до три седмици а ќе почне кога временските прилики ќе бидат поволни.

За санација на карпата извршени се инженерско-геолошки истражувања, направени стручни карти и проектна докуметнација за целосна заштита на храмот. Пред година и половина, дел од оваа карпа се стркала, но за среќа не падна врз црквата, туку го сруши заштитниот бедем околу објектот и уништи неколку гроба. Тој е голема потенцијална опасност по црквата, дело на Андреја Дамјанов, поради што претставниците на Повардарската Епархија, во неколку наврати бараа решение за проблемот.

Владиката Агатангел е задоволен што државата одвои средства за негово решавање и според неговите проценки работите можат да почнат напролет. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »