речник контакт

Сарагинова и Р’тоска просветни работници на годината

Општина Велес ги награди најдобрите за денот на Сесловенските просветители 24 мај

Петар Печков

Општина Велес високо ја почитува работата на наставниците вклучени во образовниот процес и затоа секоја година ги наградува најдобрите просветни работници. Од локалната валст велат дека е тешко е да се направи избор од толку голема бројка на наставнци што заслужуваат да го понесат епитетот најдобар, но сепак се избраа најдобрите. 

За добитник на наградата Најдобар наставник во предметна настава наградата ја доби Весна Сарагинова - вработена во ООУ „Благој Кирков“ како наставник по општотехничко образование, одлучи Комисијата во состав: Даниела Димовска  – претседател и Македонка Виларова и Ленче Петрушевска членови.

Љубинка Р’тоска, вработена во ССОУ „Димитрија Чуповски“ - како наставник по македонски јазик и литература  ја прогласи  за најдобар наставник во средно образование, Комисијата ја сочнуваа: Маја Толевска Панова – претседател и Гордан Стојчевски и Маја Хеско - членови.

Наградата за најдобар наставник во одделенска настава за 2015 година да не се додели заради некомплетна документација на кандидатите согласно критериумите, одлучило жирито. 

 Во образложението за наградената Весна Сарагинова пишува дека  од Наставничкиот совет, стручниот актив и  стручната служба  во училиштето е окарактеризирана  како наставник кој одговорно и совесно ги извршува поставените задачи. Пример е на квалитетен, стручен, самопрегорен и вреден наставник.  Успехот што го постигнува во наставата и воннаставните активности се должи на солидна стручна подготовка, љубов и ентузијазам кон знаењето од областа на техничкото образование.  Користејќи ги современите методи и средства во наставата успева кај учениците да формира работни навики и трајни знаења. Весна Сарагинова е почитувана од учениците, колегите и родителите и е една од ретките наставници со особини на личност што треба да ги поседува секој наставник.. 

Љубинка Р’тоска – е професор по македонски јазик и литература во ССОУ „Димитрија Чуповски“. Наставничкиот совет и стручните служби во училиштето ја  карактеризираат како еден од најодговорните професори, целосно посветена на стручната едукација на учениците и нивната подготовка за понатамошно школување. Таа заедно со колегите организира отворени часови, работи тимски, применува нови форми и методи во наставата и активно е вклучена во целокупната работа на училиштето. Р’тоска е принципиелна, високомотивирана личност, со ентузијазам и голем стручен капацитет. Целосно е посветена на работата во која покажува големи организациони способности, иницијативност и доследност. Покрај редовните обврски, на секој начин вложува напори да го промовира училиштето, организира хуманитарни манифестации и ја поттикнува свеста и моралната одговорност кај учениците. Координатор е на центарот за кариерно советување, одржување обуки и развивање вештини кај учениците.

Денес во Велес работат 720 просветители – наставници во основно и средно образование. Тие секојдневно со писмото на Кирил и Методиј отвораат нови хоризонти пред иднината на овој град – нашите деца. Тие ја носат одговорноста за цвртстината на најважната алка во континуитетот на опстојувањето на македонскиот јазик и култура. – рече градоначалникот Славчо Чадиев на свеченоста при доделувњето на наградите

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »