речник контакт

Сашо Мошев, нов директор на Вардарски плански регион

Ново избраниот директор e избран едногласно од страна на Советот на Вардарски плански регион

Петар Печков

Вардарскиот плански регион, доби нов директор. По објавениот конкурс избран е Сашо Мошев, кој има мандат од четири години. 

Ново избраниот директор беше предложен од комисијата за избор а  избран едногласно од страна на Советот на Вардарски плански регион, во кој членуваат сите девет градоначалници од регионот. 

Новиот директор е досегашниот Раководител на секторот за Локален економски развој во Општина Кавадарци.

На конкурсот се пријавиле двајца кандидати. Досега на оваа позиција беше  в.д. директорка Татјана Темелковска.

Вардарскиот плански регион има седиште во Велес, во поранешната зграда на Радио Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »