речник контакт

Св Пантелејмон светец заштитник на општина Велес

Советниците на општина Велес на вчерашната седнциа решија Св. Пантелејмон да биде патрон заштитник на градот.

Петар Печков

Советниците на општина Велес на вчерашната седнциа решија Св. Пантелејмон да биде патрон заштитник на градот. За оваа одлука гласаа сите советници а единствено се воздржа советникот од Нова Демократија.

Во образложението за одлуката стои дека Св. Пантелејмон како исцелител  во повеќе наврати го спасил градот од разни болести, војни, природни катстрофи а со тоа спасил и многу животи. На седницата е донесена и одлука со која 8-ми август, секоја година градот заедно со Повардарската Епархија на МПЦ со свечености ќе се чевствуваат денот на патронот.

Ваквата одлука советниците да решаваат за верски прашања, тие ја бранеа со тоа што и Скопје, Охрид, Струмица имале свој патрон прогласен од Советот на општината.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »