речник контакт

Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил Александриски 31 јануари

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте...

Петар Печков

Свети Атанасиј се роден во Александрија. Во младоста сте­кна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го земал за  личен секретар. Кога Александар се упокоил на александриската катедра бил избран Атанасиј. Свети Атанасиј неколку пати е прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќал на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија. Се упокоил во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во за­штита на православието против аријанството и против несторијанството.


Нашиот народ два пати го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Свети Атанасиј или Танасовден -зимен, а на 15/2 мај Свети Атанасиј Велики или Танасовден - летен. Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква.

Учествувал на Првиот Васеленски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години.

По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атансиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ги одбил и наредбата на царот еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија.

Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот.

Уште четири пати Свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така Свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »